КАКО ДА Е ПРОРОК: Холанѓанецот повторно предвиде земјотрес, го кажа и датумот – потоа се стресе Хрватска! (ВИДЕО)

Земјотрес ја стресе Хрватска, а холандскиот истражувач и научник Френк Хугербетс, кој тврдеше дека ги предвидел силните земјотреси во Турција и Сирија, сега вели дека го предвидел и овој потрес.

Тој на 12 јануари објави видео на YouTube во кое вели дека 16 и 17 февруари се критични за „можните сеизмолошки настани во централниот Медитеран“. Потоа ги спомена Истра, Кварнер и јужна Италија.



Хугербетс на 3 февруари објави дека во јужна Турција ќе има земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер.

Европскиот медитерански центар (EMSC), кој ги следи земјотресите на глобално ниво, претходно објави дека се оградува од таквите тврдења затоа што не постои докажан и сигурен метод за предвидување на земјотресите.

Во Хрватска имаше земјотрес со јачина од 4.8 степени. Претходните денови имаше земјотреси во Романија, Србија, но и на турско тло. Во Турција и Сирија загинаа скоро 42.000 луѓе.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *