Македонија ќе отвори две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица.
Ова денеска на прес конференција го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој додаде дека со овој потег се очекува значително олеснување на метежот кој во летниот период е вообичаен, особено поради големиот број туристи од регионот кои патуваат кон Грција.
Чекањата од неколку часа ќе се обидат да се намалат со подобрување на капацитетот и ефикасноста на граничниот премин.
Тошковски најави и долгорочна стратегија – пренасочување на товарниот сообраќај кон посебен граничен премин, слично на решението што веќе го применува Грција.
Во меѓувреме, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис веќе најави целосна реконструкција на граничниот премин Евзони, со цел забрзување на протокот на патници и стока, што дополнително ќе придонесе за поефикасно преминување на границата на најфреквентната балканска рута во текот на летото.