Кардиолог открива: „Овие 9 намирници им ги забранив на луѓето кои ги сакам“

За срцето да биде здраво, многу е важно да внимавате на исхраната и да се грижите за стилот на живот и навиките.

Пред сѐ, важно е да го исфрлите сето она што може штетно да делува на најважниот мускул во телото, а кардиологот открива кои 9 работи им ги забранил на своите најблиски.

Помфрит

На 100 грама пржени компирчиња има 8 грама трансмасти кои не се супстанција од природно потекло, туку производ од повеќекратно загревање на растително масло. Трансмастите го зголемуваат нивото на холестерол во крвта двојно и така го зголемуваат ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем.

Црвено и преработено месо

„Шницли, мелено месо и сланина, многу штетно влијаат на срцето. Бактериите од системот за варење ги апсорбираат аминокиселините од црвеното месо, што го иницира целиот ланец на реакции кои на крај го зголемуваат нивото на холестерол и ризик од срцеви заболувања“, вели кардиологот.

Пржена храна

Термички обработената храна на висока температура создава големи количини на транспмасти кои се едни од главните виновници за проблеми со срцето. Во Кина каде месото вообичаено се пече или вари, срцевите заболувања се поретки.

Пица

Само едно парче пица содржи 100 грама масти, од кои 4,4 грама заситени масти. Доколку не можете да се откажете од пицата, ограничете ја само на едно парче неделно и тоа нека биде пица од зеленчук.

Бел леб

Редовното консумирање на храна богата со јаглехидрати како бел леб, го зголемува ризикот од срцеви болести. Високиот гликемиски индекс го зголемува шеќерот во крвта, па врз основа на тоа научниците сметаат дека ова е еден од честите први фактори кои доведуваат до срцев удар.

Пченкарни снегулки

Станува збор за брзи јаглехидрати преполни со шеќер кои прават инсулинот во телото да „дивее“.

Сол

Високото ниво на сол предизвикува оштетување и затнување на крвните садови. Дневно треба да се јадат до 5 грама сол (неполна лажичка).

Инстант супи

Како и поголем дел од другите преработени производи, инстант супите содржат голема количина на сол која го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар, откриваат експертите. Лицата кои јадат инстант супи 2-3 пати неделно имаат поголем ризик од кардио метаболистички синдром којшто го зголемува ризикот од срцеви болести, дијабетес и мозочен удар.

Енергетски пијалаци

100 милилитри енергетски пијалак содржи 30 милиграми кофеин. Доколку испиете 300 милилитри, што е стандард, ќе внесете 90 милиграми кофеин што е како да сте испиле 3-4 еспреса. Толкавата доза може да предизвика тахикардија, а притоа овие видови напитоци никако не им се препорачуваат на луѓето кои имаат било каков проблем со срцето.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ