Кина прва успешно лансираше сателит за тестирање на 6G мрежа

Најголемата светска компанија за мобилни телекомуникации, China Mobile, беше првата во светот која успешно го лансираше првиот сателит за тестирање на 6G мрежа.

Кина со тоа направи пресвртница во нејзините напори да ја истражи интегрираната вселенска и копнена комуникациска технологија. Сателитот беше лансиран на 3 февруари заедно со уште еден сателит за 5G мрежата.

Тест сателитот на 6G мрежата беше заеднички развиен од China Mobile и Microsatellite Innovation Academy на Кинеската академија на науките. Системот има домашен хардвер и софтвер и систем за автономно, автоматизирано управување.

Во орбитата на надморска височина од речиси 500 километри носи предности како мала латентност и голема брзина на пренос на податоци во споредба со сателитите кои се на височина од 36.000 километри.

Сателитите во ниска орбита можат да го решат недостатокот на покриеност со телекомски сигнал на копнените мобилни мрежи, обезбедувајќи светски сателитски интернет услуги.

China Mobile соопшти дека планира да спроведе експерименти, забрзувајќи ја интеграцијата и развојот на технолошката индустрија од вселената до земја, пишува China Daily.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ