МВР воведе нова секција на веб-страницата за побрзо закажување термин за лични документи

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера е воведена уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок, информираат од МВР.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

ОСТАНАТИ ВЕСТИ