Автомобил утрово влета во водите на Охридското Езеро, нема повредени. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информираше дека случајот бил пријавен во 5.30 часот во ОВР Струга.
– Патничко возило „форд“ управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема – изјави Димоски.
По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.