НАТО и ЕУ денеска ветија дека ќе ја зајакнат својата поддршка за Украина во борбата против руската инвазија и ќе ја зајакнат соработката меѓу Европа и Алијансата предводена од САД.
„Мораме да продолжиме да го зајакнуваме партнерството меѓу НАТО и Европската унија. И мора дополнително да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина“, рече шефот на НАТО Јенс Столтенберг по потпишувањето на заедничката декларација со највисоките претставници на ЕУ. (МИА)