Околу 43.000 починати во текот на најдолгата суша во Сомалија минатата година

Околу 43.000 луѓе починаа во текот на најдолгата суша во Сомалија минатата година, од кои половината беа деца. Тоа е првиот официјален податок за бројот на починати поради сушата што зафати големи делови од Рогот на Африка.

Се предвидува дека најмалку 18.000 луѓе би можеле да починат во првите шест месеци од годинава.

„Сегашната криза е далеку од завршена“, се вели во извештајот објавен денеска од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, а спроведен од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Ситуацијата е, како што наведоа, „екстремно критична“ – само во Сомалија има повеќе од шест милиони гладни луѓе.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ