Со осумнаесет медали се закитија џудистите од ЏК Дрим Струга на Државното првенство за сениори и пионери во Скопје. Од нив 5 златни, 4 сребрени и 9 бронзени.
Резултатите по категории:
Сениори/ки
златен медал
Анамарија Стојмиловска
сребрен
Андреј Чакаровски
Христијан Глигороски
бронзен
Амар Бајрамоски
Драгица Рафтоска
Андреј Симоноски
Пионери/ки
златен медал
Елеонора Јосифоска
Мишела Јаулевска
Давид Спироски
Сергеј Калајџиески
сребрен
Јован Наумоски
Даниел Јосифовски
бронзен
Драган Антониески
Мартина Салви
Божидар Јуловски
Андреј Гогоски
Енил Ајдиноски
Ночески Дариан.

Од клубот посочуваат дека одлични борби прикажале и останатите учесници Катерина Клењоска, Мила Стојмиловска, Матеј Димитриоски, Лука Трца, Карим Идризоски, Мунир Ајдиноски, Али Цома, Џахид Османоски, Мелек Тала, Марин Билјаноски, но, не успеале да се закитат со медал.
Стручниот штаб на ЏК Дрим Струга е задоволен од прикажаното, но, секогаш има можност за подобро. Одиме понатаму!, додаваат.