Ова се првите симптоми дека во вашето тело се создава тромб – овие групи на луѓе се особено загрозени

Луѓето вообичаено немаат свест за тоа како изгледаат првите симптоми на создавање тромб, што може да доведе до фатални последици.

Тромбозата се смета за една од најопасните состојби по човековиот живот. Може да се развие дури и доколку немате очигледни проблеми со циркулацијата и крвните садови.

Најчесто се појавува на нозете, а во првата фаза не дава речиси никакви симптоми, но кога ќе почне да расте, бара итен третман за да не дојде до опасни последици.

Ова се првите симптоми кои укажуваат дека во вашата нога се создала грутка, а многу од луѓето ги игнорираат:

– благ оток на нозете;
– Болка во листовите;
– Чувство на оган или тежина на нозете;
– Црвенило на кожата.

Во поголем дел од случаите пациентите бараат лекарска помош дури кога грутката ќе порасне и ќе стане потешка за третирање.

Со влошување на состојбата, во пределот каде што се создал тромбот, се зголемува отокот, а подрачјето добива синкаста боја. Доколку се занемари, екстремитетот во којшто се наоѓа грутката може да стане целосно црн.

Тромбот во ногата вообичаено настанува во вените на бутовите, листовите или околу скочниот зглоб.

Кој е во најголем ризик?

– Луѓето кои многу време поминуваат седејќи, возејќи автомобил или на долги авионски летови.

– Лицата кои закрепнуваат од операција и лежат во кревет.

– Пациентите кои патат од проширени вени.

– Луѓето со дијагноза на забрзано згрутчување на крвта.

– Бремените жени (ризикот расте и после породувањето).

– Гојазните луѓе.

– Постарите луѓе кои претежно седат.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ