Оваа билка е чудотворен лек за сè – ги чисти белите дробови, помага при анксиозност, има антибактериско дејство…

Здравјето е најскапоценото нешто што го имаме. За да не дојдеме во ситуација да имаме посериозни здравствени проблеми, потребно е пред сè да се храниме здраво, да се хидрираме и да негуваме здрави животни навики.

Но, постојат и лекови од природата кои се најсилна превенција, а овојпат зборуваме за мајчината душица и нејзините позитивни ефекти врз организмот.

Според Европската агенција за лекови, мајчината душица е ценет народен лек низ цела Европа, каде што со векови се користи за воспаленија на респираторниот тракт, настинки, кашлица и бронхитис, а модерните истражувања го оправдуваат не само ова, туку и многу пошироката употреба на оваа одлична билка.

Маслото од мајчина душица содржи до 47 проценти тимол, околу 5 проценти карвакрол, цимен, линалол, алфа пинен – феноли со исклучителни антисептички својства. Богато е и со моќни антиоксиданти, зеаксантин, апигенин, лутеин, лутеолин и тимин, како и терпени – монотерпени и сесквитерпени кои му даваат карактеристичен мирис. Маслото изобилува и со витамини: А, Ц, Б6, К, Е и фолна киселина, како и минерали – пред сè калиум и манган. Можеби токму овие состојки се заслужни за виталноста и долговечноста на луѓето од медитеранскиот регион.

Што заклучиле модерните истражувања досега?

Мајчината душица освен што делува на организмот, е одлична и за психата. Едно истражување заклучува дека оваа билка делува како силен анксиолитик. Денес, анксиозноста е најраспространето ментално нарушување, кое е придружено не само со постојано чувство на вознемиреност, туку и со физички симптоми: срцебиење, главоболки, потење, чувство на притисок во градите, па дури и нарушувања во варењето. Се верува дека фенолите се тие кои успешно ја отстрануваат анксиозноста, иако науката сè уште не успеала да навлезе во точниот механизам на делување на ова растение врз психата.

Бројни студии го докажале силното антимикробно – антибактериско, антифунгално и антипаразитарно дејство на мајчината душица. Денес знаеме дека ова растение успешно сузбива голем број штетни бактерии, продирајќи директно во нивната клеточна мембрана.

Антифунгалното дејство на мајчината душица се манифестира и надворешно, на кожата, кај дерматомикозата која најчесто ги зафаќа ноктите и скалпот. Но, тоа не е сè, мајчината душица исто така е докажана како ефикасна дури и против вирусот Herpes simplex.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ