Сите зеленчуци се добри, но овие се особено корисни за намалување на негативните ефекти на високиот крвен притисок.
Константниот висок крвен притисок може да биде предизвикан од повеќе фактори како што се здебеленост, консумирање на голема количина сол, пушење на цигари и семејна историја. Високиот крвен притисок може да доведе до оштетувања на срцето, срцеви заболувања и срцев удар.
Најдобрата диета против висок крвен притисок се вика DASH која вклучува овошје, зеленчук, цели зрна од житарки, млечни производи со ниска масленост, чисто месо и легуминози. Помеѓу овие прехранбени производи, калиумот е познат минерал кој го намалува крвниот притисок.
Подоле е листа од најдобрите зеленчуци за подобрување на крвниот притисок:
1. Компири
Компирите се полни со калиум, тие имаат повеќе и од бананата кој е позната по високата количина на калиум во неа. Освен обичните компири, варијантата која има виолетова боја се покажала дека има дополнителен ефект за подобрување на крвниот притисок поради тоа што има моќен антиоксидант наречен анатоцианин. Овој антиоксидант е тоа што ја дава виолетовата боја на компирот.
2. Цвекло
Цвеклото и неговите листови се добар извор на нитрати кој помагаат да ги релаксираат ѕидовите на крвните садови и со тоа го подобруваат крвниот притисок. Тие се богати со калиум, фолати, магнезиум, витамин Ц и железо – поголемиот дел од нив се познати по тоа што го намалуваат крвниот притисок.
3. Домати
Доматот и продуктите од домат се полни со калиум и ликопен, две нутриенти кои го подобруваат крвниот притисок и општото здравје. Ликопенот е антиоксидант кој ја дава црвената боја на доматот, нема ограничена количина колку треба да се консумира антиоксидансот, интересно е што зготвената верзија содржи поголема количина од него.
4. Зелениот лиснат зеленчук
Спанаќ, зелка, зелје и други зелени зеленчуци се богати со нитрати, кој ги прошируваат крвните садови и подобруваат крвотокот. Дури консумирање на 150 грама од овие зеленчуци дневно значително потпомага на намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболување.
5. Тиква
Има голем број на варијанти на тикви кој може да изберете, сите кои се жолти и портокалови се полни со калиум, витамин А, растителни влакна и витамин Ц. Во секоја сезона од годината може да најдете различна тиква која може да ја комбинирате со благи и солени јадења.