ПОБЕДА:Повторно одземање на концесиите, согласно Закон, засекогаш!

Повторно одземање на концесиите, согласно Закон, засекогаш!

На 154-та Владина седница, на предлог на Министерство за економија еднострано се одземени двете активни концесии. Министерството постапи според нашите Претставки и наводи за законски прекршувања, а инспекторатите го потврдија! Лабуништа ослободено од каменоломите засекогаш.

Благодарност до Владата на РСМ и Министерот Крешник Бектеши за одржаниот збор, даден на состанокот во Влада и постапување по нашите барања.

Посебна благодарност до нашите сограѓани Лабуништани, за целосна поддршка на организираните настани, собири, протести и други активности.

Благодарност до Членовите на НАТУРА ЛАБ,

Благодарност до Месна Заедница за успешна соработка,

Благодарност до стручниот тим, м-р Алија Ќазими и м-р Јасмин Ќазимоски за редовна правна поддршка и застапување.

Продолжуваме понатаму. Секогаш сме и ќе бидеме борци за секој јавен интерес!

Со почит,

НАТУРА ЛАБ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ