Почина Никола Пилиќ, „тенискиот татко“ на Новак Ѓоковиќ

На 87-годишна возраст во Ријека почина Никола Пилиќ, легенда на хрватскиот и светскиот тенис, тренер на хрватската репрезентација на Дејвис купот која ја освои шампионската титула во 2005 година.

Тој беше посебен и затоа што предводеше три различни земји до титули. Освен Хрватска, тој ја предводеше Западна Германија до врвот на тенисот три пати, а Србија еднаш.

Никола Пилиќ го промени светскиот тенис. Тој ги постави темелите на АТП, Светската тениска организација. Тој иницираше промени што доведоа до професионализација на овој спорт.

Пилиќ тренираше бројни одлични тенисери. Тој беше еден од клучните луѓе на почетокот на големата кариера на Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ за Пилиќ велеше дека му е негов „тениски татко“, затоа што се школуваше во неговата академија во Минхен.

Пилиќ имаше своја академија во Опатија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ