Утре ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места.
За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.
Прогноза за 25.11.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.
Прогноза за 26.11.2023
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: -1°C до 7°C
Претпладне наместа ќе провејува слаб снег, а во текот на денот сончево и студено со мала облачност. Ќе дува умерен, претпладне долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 27.11.2023
Минимална температура: -14°C до -4°C
Максимална температура: -2°C до 7°C
Сончево со мала до умерена облачност и многу студено, особено наутро. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.