Полска сака да соборува дронови над Украина без одобрение од НАТО

Полска се подготвува да го промени законот за воени мисии во странство, така што нејзината армија ќе може да соборува руски дронови, над Украина без претходно одобрение од НАТО или Европската Унија, објави полскиот весник „Газета Виборча“.

Се очекува предлог-законот поднесен од Министерството за одбрана во јуни брзо да ја помине собраниската процедура.

Според стариот закон, претседателот можеше, на барање на владата, да одобри испраќање трупи во странство во случаи на вооружен конфликт, мировни мисии, борба против тероризмот или евакуации. Сепак, денот пред руската инвазија во 2022 година, тогашната влада на Партијата за право и правда (ПиС) го измени законот така што за ваквите операции беше потребно одобрение од НАТО, ЕУ и земјата домаќин.

Подоцна, парламентарната комисија за истрага на руското влијание ја критикуваше таа одлука, оценувајќи дека Варшава на тој начин го изгубила правото самостојно да дејствува против беспилотни летала што летаат над Украина или Белорусија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ