Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Струга

Прегазена малолетничка во Струшко, во неа удрил мотоциклист и побегнал

Објавено: · 1 мин читање
Прегазена малолетничка во Струшко, во неа удрил мотоциклист и побегнал

На 11-ти јуни 2024 година, во 18:30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во струшкото село Октиси, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 20-годишно лице од селото Октиси и малолетничка од истото село, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицинскиот центар во Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

извор: МВР