– Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми.
Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт, кој од езерските води извлече коран тежок 13 килограми и 200 грама, што според објавата на Explore Pogradec Albania е најголемата ваква риба уловена од овој дел на езерото.
– Запрашан дали треба повторно да го пушти во езерото, рибарот вели дека според него и старите рибари, риби со оваа големина не се враќаат, затоа што по некое време секако би умреле природно, објавија од Општина Поградец.
Охридска пастрмка (Salmo letnica) е ендемска слатководна риба што живее во Охридското Езеро, а припаѓа на семејството пастрмки. Неколку локални називи и подврсти се летница-летна форма, зимска форма во која како подврсти се струшката и охридската, а како посебна подврста е охридската пастрмка-Белвица. Максималната должина се движи од 25 до 60 сантиметри, со тежина до 15,8 килограми. Зимската подврста се мрести од декември до февруари, додека летната форма околу август. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Explore Pogradec Albania