Русија планира наскоро да го укине визниот режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија, објавува РИА Новости.
„Влезен туризам: постигнување безвизен режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија во блиска иднина“, се вели во информативната белешка за медиумите по повод стратешката сесија „Развој на туризмот во Русија“, предводена од премиерот Михаил Мишустин.
Се очекува до 2030 година бројот на туристички патувања да се зголеми на 16 милиони, според агенцијата.
Русија планира да воведе безвизен режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft