САД воведуваат високи царини на лекови, мебел, кујнски апарати и тешки камиони

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави нова рунда царини, вклучувајќи царина од 100 проценти за брендирани фармацевтски производи, 30 проценти за тапациран мебел, 50 проценти за кујнски и бањски инсталации и 30 проценти за тешки камиони.

Новите царини ќе стапат на сила на 1 октомври, објави CBS News.

Трамп изјави на социјалната мрежа Truth Social дека царината за фармацевтски производи нема да се применува за компаниите што ќе започнат со производство во САД.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ