Студија од Универзитетот во Сечуан покажува дека консумирањето на околу три шолји чај днено, особено црн и зелен чај, може да го забави биолошкото стареење.
Истражувачите откриле дека здравите хемикалии во чајот, како што се полифеноли, теанин и кофеин, „позитивно влијаат на стареењето“, на намалено оштетување на клетките, со што органите подолго ја задржуваат функционалноста.
Здравите хемикалии во црниот и зелен чај можат позитивно да влијаат на стареењето и намалувањето на оштетените клетки, изјавиле кинеските истражувачи.
Најголема корист е воочена кај љубителите на пиво, но и кај останатите се забележало подобрување после одреден период консумирање.
Д-р Ји Ксианг од Универзитетот во Сечуан, изјавил: „Откривме дека консумирањето на околу три шолји чај дневно може да има корист во однос на стареењето. Тоа би можело да биде така поради фактот што чајот содржи бројни биоактивни соединенија“.
Претходни истражувања покажале дека пиењето чај може да го намали ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.
Чајот содржи полифеноли кои се моќни антиоксиданти кои исто така можат да помогнат во заштита од канцер и невродегенеративни болести како деменција.
Најновата студија објавена во магазинот „Elsevier The Lancet Regional Health – Vestern Pacific“ проучувала како пијалаците влијаат на процесот на биолошко стареење, колку брзо клетките пропаѓаат.
Истражувачите проучувале податоци од 5.998 возрасни во Британија на старост од 37 до 73 години и 7.931 од 30 до 79 години.
Ги прашале за тоа колку чај пијат, вклучувајќи зелен и црн чај кои вообичаено се мешаат со млеко во Британија.
Нивното биолошко стареење било мерено со користење на специјални тестови за крв кои ги набљудуваат промените во ДНК кај луѓето.
Пиењето на било која количина чај го намалило ризикот од брзо стареење во текот на просечно двегодишно истражување, а подобрување имало при консумирање на три шолји чај дневно.
Д-р Ксианг рекол: „Чајот содржи различни биоактивни соединенија како што се полифеноли, теанин и кофеин, што може да се поврзе со неговите потенцијални ефекти против стареењето. Пријавено е дека полифенолите модулираат микробиоти во цревата, што може да има важно влијание на регулирање на промените во имунитетот, метаболизмот и когнитивните функции кои се поврзани со возраста“.