Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 13°C Струга 13°C Пријави вест
Парламентарни избори 2024

СДСМ ја почнува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“

Објавено: · 1 мин читање
СДСМ ја почнува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја почнува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ кој ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје. Карванот на СДСМ и коалицијата, кој ќе го предводи партискиот лидер Димитар Ковачевски заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници, во текот на денот ќе продолжи во Гевгелија и Демир Капија.