Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Македонија

Собранието со 84 гласа „за“ го донесе Законот за енергетика кој треба да спречи поскапување на струјата

Објавено: · 1 мин читање
Собранието со 84 гласа „за“ го донесе Законот за енергетика кој треба да спречи поскапување на струјата

Собранието со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика што го најави ВМРО-ДПМНЕ, за да се спречи зголемување на цената на струјата.

Пратениците на СДСМ најавија дека ќе го поддржат законот, и кажаа дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада, нешто за кое од ВМРО-ДПМНЕ не се сложија.Реагираа и од Левица за овој Закон, но на крајот немаше гласови против.