Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери

Собранието ќе ја одржи 139. седница на која се очекува да бидат констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери. На седницата се очекува да биде избран и новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.

Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.

Се очекува Митрески да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, Џафери ќе му ја предаде функцијата на Митрески.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ