Петок, 13 ноември 2026 петок, 13 ноември Струга 21°C Струга 21°C Пријави вест
Струга

Сообраќајка во Струга, се судрија камион и автомобил

Објавено: · 1 мин читање
Сообраќајка во Струга, се судрија камион и автомобил

Вчера во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(55) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од с.Радолишта, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од ОВР Струга.