Стружанец се движел по автопат, лица фрлале камења кон неговото товарно возило

На 25.06.2023 во 01.00 часот во СВР Куманово, 25 годишен жител од с.Велешта, Струга пријавил дека на 24.06.2023 година во 22.40 часот додека се движел по автопат „Пријателство“ со товарно моторно возило марка „МАН“ со струшки регистарски таблици, поточно под мост во с. Романовце, неколку лица од мостот фрлале камења и тврди предмети со што го оштетиле неговото возило.

Пријавителот се оддалечил од местото и настанот го пријавил во СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ