Стружани ќе може да пријават локални проблеми преку апликацијата Prijavi24

Стружани од денеска локалните проблеми ќе може да ги пријават преку апликацијата Prijavi24, соопшти Општина Струга.

Мобилната апликација, како што појансуваат, може да се преземе бесплатно од GooglePlayStore и AppStore или со скенирање на приложениот баркод.

– Преку апликацијата, може да пријавите проблеми поврзани со градот и околните населени места од сите категории, како што се улично осветлување, дупки на патот, објекти склони на рушење, проблеми од областа на животната средина, уништена урбана опрема, отпад и диви депонии, градби и дивоградби, стои во информацијата.

Апликацијата има опција и за прикачување слики од дадениот проблем, а пријавувањето може да биде анонимно или јавно.

Според Општина Струга, граѓаните може да дадат и предлози со кои би се подобрил целокупниот начин на живеење во општината.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ