Судот во Сирија издаде налог за апсење на поранешниот претседател Башар ал Асад

Сириски суд издаде налог за апсење во отсуство на поранешниот претседател Башар ал-Асад по обвинение поврзано со инцидентите во Дара од 2011 година.

Истражниот судија од Дамаск, Тавфик ал-Али, за новинската агенција Сана изјави дека налогот за апсење вклучува обвиненија за убиство со умисла, тортура што довела до смрт и лишување од слобода.

Судската одлука отвора врата за издавање потерница преку Интерпол и меѓународно водење на случајот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ