СВР Охрид ја реализира превентивната кампања „Стави појас“

СВР Охрид вчера започна со реализација на превентивната кампања „Стави појас“

Полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, на повеќе пунктови во градот, низ непосреден контакт на возачите на моторни возила им укажаа на неопходноста од користење безбедносен појас додека управуваат со моторното возило.

– Исто така, за време на активноста на возачите им беа поделени маици и освежувачи за возила со натпис „Стави појас“, како и летоци со едукативна содржина, информираат од СВР Охрид.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ