Властите во Тајланд се во потрага на метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезнал од електрана неделава. Надлежните ја предупредија јавноста на сериозни здравствени опасности што можат да настанат во случај на контакт со тој материјал.
Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутински проверки на 10 март во електрана за јаглен во Прачин Бури – област во средиштен Тајланд. Во предметот има цезиум-137, високо радиоактивна и потенцијално смртоносна супстанција.
Заменик-генералниот секретар Пенап Канчан изјави за Си-ен-ен дека надлежните лица користат посебна опрема за детектирање радиоактивност заради пронаоѓање на цилиндарот.
– Ги претресуваме работилниците за рециклирање отпад во областа. Користиме и посебна опрема за откривање сигнали. Испративме и роботи и дронови во областите каде што немаме пристап, рече таа.
Монкол Топао, началник на полицијата, додаде дека има и видеоснимка, која сепак, не го покажува најдобро она што се случило.
1 Comment
مرحبًا، أعتقد أن هذه مدونة ممتازة. لقد عثرت عليها بالصدفة ;