ТИКА донираше техничка опрема за Управата за финансиска полиција на Северна Македонија

– На церемонијата за доделување на донираната опрема учествуваа директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, како и претставници на Управата за финансиска полиција и на ТИКА.

– Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) донираше техничка опрема за Управата за финансиска полиција на Северна Македонија, јавува Анадолу.

На церемонијата за доделување на донираната опрема учествуваа директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, како и претставници на Управата за финансиска полиција и на ТИКА.

Иванов изрази благодарност до ТИКА и Туркије за донацијата за Управата, за која рече дека е во првите редови во борбата против организираниот криминал и корупција.

„Техничката опрема што ја добивме денес се состои од 60 компјутери, 30 скенери, еден компјутер за форензика и дополнителна хардверска опрема за олеснување на секојдневната работа на нашите колеги, на нашите одделенија, на нашите претставници во Управата за финансиска полиција, со што го зголемуваме и зајакнуваме техничкиот капацитет на Управата за финансиска полиција, со што ќе се приближиме кон нашата крајна цел, а тоа е да станеме модерна и уште попрофесионална служба“, рече Иванов.

Тој нагласи дека со потпишувањето на овој договор не добиваат само поддршка за побрз напредок туку уште еднаш ќе се потврди дека имаат голем и искрен пријател.

Меѓу другото, координаторот на ТИКА во Скопје, Бајрак, рече дека како ТИКА од 2005 година досега во Северна Македонија реализирале околу 1.200 проекти во различни сектори.

„Техничката опрема, која се состои од 60 компјутери, 30 принтери, монитори, екстерни дискови, како и компјутерскиот систем што ќе се користи во форензични лаборатории, ќе придонесе во развивањето на техничките капацитети на Управата за финансиска полиција“, истакна Бајрак.

Тој нагласи дека продолжуваат да ја зајакнуваат соработката со јавните институции на Северна Македонија.

„Верувам дека опремата ќе ја зајакне работата на Управата за финансиска полиција во борбата против организираниот криминал и се надевам дека проектот ќе биде корисен и за Управата за финансиска полиција и за нејзините вработени“, додаде тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ