Трагедија: Загинаа 13 музичари во сообраќајна несреќа во Индија

Тринаесет музичари загинаа откако автобусот со кој се превезувале излета од патот во западниот дел на Индија.

Музичарите се враќале од градот Пуна, каде имале настап. Во сообраќајната несреќа повредени се 29 лица.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство и најави финансиска помош за семејствата на настраданите.

Во Индија чести се сообраќајните несреќи поради несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила. Повеќе од 110.000 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи ширум Индија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *