Кина тестираше ракета-пресретнувач со среден дострел

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа е извршено успешно тестирање на пресретнување на ракета со среден дострел од копно.

Во соопштението се наведува дека тестот бил „од одбранбен карактер и не бил насочен кон ниту една земја“, без информации дали ракетите погодиле некој објект, колку биле истрелани и каде паднале.

Таквите системи составени од ракети-пресретнувачи и голем број радари, имаат за цел да соборат балистички ракети со нуклеарни или други боеви глави додека се високо во атмосферата.

Ракетите-пресретнувачи на овој систем може да се користат и за гаѓање на сателити во Вселената. Кина беше критикувана од меѓународната заедница и јавноста кога употрени ракета за уништување на својот метеоролошки сателит во 2007 година.

Кина веќе го има еден од најголемите арсенали од сите видови ракети во светот. Во минатогодишниот извештај на Пентагон се наведува дека Кина во моментов има околу 400 нуклеарни боеви глави и дека тој број може да се зголеми на 1.500 до 2035 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *