Една корисничка на ТикТок објави интересно видео кое привлече внимание. Се работи за фен направен во времето на Југославија кој и денес работи.
Имено, станува збор за фен за коса кој го произведуваше поранешната фабрика „Руди Чајавец“ во Бања Лука.
„Се прашувам дали некој има постар фен за коса кој сè уште работи“, ги прашала таа своите следбеници.
@alma.k17 Najstariji fen na tik toku ? #fypシ #viral #balkan #jugoslavija #retro #historia ♬ Sa druge strane jastuka – Bajaga & Instruktori
„Руди. Квалитет“, „Имам ист, но зелен“, „А само што сакав да кажам дека имам ист, бел, а потоа го извади од кутијата. Јас го користам за распалување скара“, „Некогаш сè беше со највисок квалитет“, се дел од коментарите.
Во фабриката „Руди Чајавец“, која се простираше на 84.000 квадратни метри, работеа повеќе од 10.000 луѓе. Имаше производствени погони и во Фоча, Лакташи, Челинац, Шипово и Љубија.
Во текот на 1960-те, фабриката имаше годишни приходи од 30 милиони долари. Во неа се произведуваа повеќе од сто артикли – телевизори, аудио засилувачи, опрема за автомобили, транзисторски радио приемници и слично.
Сега таму се наоѓаат бутици и продавници, а некогашната менза станала сала за прослави.