(ВИДЕО) Фрлени над 20 тони вода, пожарот кај струшко Делогожди ставен под контрола

Од ЦУК денеска побараа воздушна интервенција за гаснење на пожарот, за кој, како што рекоа, постоела опасност да се прошири кон место што е непристапно за гаснење од земја

Полицискиот хеликоптер „бел 412“ исфрлил 20 тони вода на пожарот во атарот на селото Делогожди во Општина Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Со интервенцијата на хеликоптерот и во координација со пожарникарите кои биле на терен, од МВР велат дека е дејствувано за гаснење на преостанатите жаришта и пожарот е ставен под контрола.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека пожарот, кој избувнал на депонија, се проширил и зафатил дел од блиската боровоа шума. За гаснење на пожарот, што можел да се прошири кон место кое е непристапно за гаснење од земја, од ЦУК рекоа дека побарале воздушна интервенција.  

ОСТАНАТИ ВЕСТИ