ВИДЕО: „Вистинско чудо како 20 годишниот возач останал жив“, детали за тешката сообраќајна несреќа синоќа во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти први детали по синоќешната тешка сообраќајна несреќа. На друштвените мрежи се коментира дека ова е вистинско чудо како возачот останал жив, бидејќи автомобилот е целосно уништен.

Од СВР Скопје информираат дека вчера околу 21 часот и 30 минути било пријавено дека на булевар Србија 20 годишникот со иницијали Х.Б управувајќи го БМВ-то со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб за улично осветлување.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ