Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло.
Утре минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи
Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.