Во вторник во Собрание ќе биде доставен списокот со новиот владин состав

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска порача дека во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада.

Како што вели, претходно во недела, на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет на кои ќе биде утврден списокот.

-Овој викенд во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кои ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар. Очекувам Централниот и Извршниот комитет да се произнесат и доколку е позитивно да и бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната влада заедно со програмата на работа ќе бидат доставени во вторник на 18 јуни во македонското Собрание“, изјави Мицкоски пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ