Земјотресот го сруши 18 века старото кале во Газијантеп

Над градот Газијантеп со векови стоеше тврдина, толку стара што првите поправки ги направиле Византијците во VI век. Од утринава, заедно со бројни други градби во ова место, неа повеќе ја нема.

Во силниот земјотрес кој утринава ја погоди територијата во близина на турско-сириската граница, уништени се 10 градови. Меѓу оние кој најлошо поминаа се Газијантеп и Искендерум. Покрај тоа што оваа природна катастрофа ги оштети и повеќето модерни згради во Газијантеп, огромна штета претрпе и калето кое повеќе од милениум и пол се наоѓаше на блиското брдо.

Стариот град Газијантеп се наоѓа на горните падини на брдото Низип. Градители на најраното утврдување билио Хититите, древен народ кој владеел на тој регион. Археолошките ископувања утврдиле дека подрачјето било населено уште од палеолитот, па преку римскиот, византискиот и периодот на Турците Селџици и Оманлиите.

Калето прв пат било обновено од Византијците во VI век, а потоа повторно било реконструирано во 1481 година за време на владеењето на египетскиот султан Кајитбаја, и во 1557 година за време на османлискиот султан Сулејман Величествениот. Со текот на времето било дополнувано со бројни караули, џамија и мала палата, додека под тврдината биле изградени повеќе галерии и стаза која води до блиската река.

Поради својата идеална позиција која се наоѓа помеѓу исток и запад, или со други зборови помеѓу источниот Медитеран и рамнината Месопотамија, со векови било предмет на желби на многу освојувачи. Целиот регион бил познат по производството на предмети од бакар, седефи, традиционални обувки, платна, како и старински оружја и накит од сребро и злато. Сѐ наведено му овозможило на стане популарна туристичка атракција, која неколку пати била користена и за снимање на филмови и серии.

Утринава серија потреси ја погодија Југоисточна Турција, од кој најсилен беше земјотресот од 7,8 степени според Рихтер. Предизвика голема штета и во соседната Сирија каде најмногу настрада градот Ал Баб, додека потреси се почувтсвувани и во други делови на Турција, како и во Грузија, Ерменија и Кипар, а според некој извори потреси се осетиле дури до Каиро.

Земјотресот го урнха до темел и старото кале на Хититите, кои 18 века преживеа најразлични освојувања, опсади, војни, други природни катастрофи, но 7,8 по Рихтер сепак беше премногу.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ