Зошто карфиолот е суперхрана?

Во изминативе неколку години, карфиолот го надмина сите други зеленчуци. Стана храна од која се подготвува тако, „тесто“ за пица, како и за супи.

Карфиолот е еден од најпопуларните зеленчуци благодарение на неговата ниска содржина на јаглехидрати и калории, како и неговата разновидност. Се покажа како привлечна алтернатива на традиционалните состојки и се користи за подготовка на сè.

Во продолжение ви ги откриваме сите благодети на карфиолот поради кои се смета за суперхрана.

Богат е со растителни влакна

Не е тајна дека ни се потребни влакна. Главата од карфиол со средна големина содржи 12 грама влакна, што е 10 проценти од препорачаната дневна доза.

Влакната може да го намалат ризикот од разни болести, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес. Исто така, придонесува за дигестивниот систем и здравјето на срцето.

Добар извор на холин

Холинот е хранлива материја која игра улога во функцијата на нервниот систем и метаболизмот, а адекватниот внес на холин може да помогне и во функцијата на меморијата, вели диететичарот Гена Хамшо.

Му помага на имунолошкиот систем

Има причина зошто витаминот Ц стана топ тема во последните години. Карфиолот содржи витамин Ц, како и антиоксиданси кои се познати по нивните антиинфламаторни ефекти и способност за зајакнување на имунолошката функција.

Богат е со витамин К

Овој витамин растворлив во масти игра суштинска улога во здравјето на коските бидејќи го регулира нивото на калциум во крвта и згрутчувањето на крвта. Карфиолот има приближно 20 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин К.

Може да помогне при губење на тежината

Една шолја карфиол содржи само 25 калории, па затоа е очигледен избор за секој што сака да изгуби тежина. Покрај тоа што е богат со влакна и промовира ситост, карфиолот има висока содржина на вода.

Ги содржи речиси сите хранливи материи што ви се потребни

Карфиолот е одличен извор на фолати, калиум, магнезиум, фосфор, витамини Б, Ц и К и многу повеќе.

Добра алтернатива на житариците

Со околу деветпати помалку јаглехидрати од оризот и безброј повеќе витамини и хранливи материи, карфиолот е одлична алтернатива за традиционалните житарки.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ