17 дена по земјотресот спасиле крава – била со денови под урнатините, а кога ја прегледале останале во чудо

Екипите на терен спасија крава 17 дена по земјотресот што ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, јавува Анадолија.

Екипите на општина Голчук спасија крава која останала под урнатините во Антакија, Хатај. Општинските екипи се уште се на терен и работат на расчистување на подрачјето погодено од земјотресите. Со цел да се елиминира ризикот од инфекција, екипите ги закопуваат животните кои беа пронајдени мртви во плевните.

Во меѓувреме под урнатините на зграда слушнале звук. При претресот на теренот пронашле крава која ја извлекле. На ветеринарниот преглед било утврдено дека здравјето на кравата е добра.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *