50 години Ресторан Центар Струга – традиција, вкус и доверба

50 години традиција, вкус и доверба – Приказна за успехот на едно семејство
Во далечната 1975 година, Сали Усеини се врати од САД со голем сон – да создаде место каде што луѓето ќе уживаат во вистинскиот вкус и топлината на домашната атмосфера. Со срце и душа, го отвори својот прв ресторан во Струга – Restaurant – Centar – каде што првите години со него беше и неговито брат Рамадан .Restorant Centar брзо стана симбол на гостопримство и врвен кулинарски квалитет.

Годините минуваа, а неговите синови, Беким и Башким, ја продолжија традицијата. Со иста страст и љубов кон гастрономијата, во 2020 година го отворија Restaurant Adenia, носејќи свежа енергија, но истата вредност – врвен вкус и искрено гостопримство.

Денес, во 2025 година, ова семејство слави 50 години успех! Половина век исполнет со вкусови што остануваат во сеќавањето, со насмевки на верните гости и со традиција што се пренесува низ генерации.

Како знак на благодарност, следните 5 месеци ќе ви носиме специјални понуди и незаборавни гастрономски моменти!

Благодариме што сте дел од нашата приказна. Продолжуваме да ве служиме со истата љубов и посветеност!

📍 Restaurant Centar – Qendra & Restaurant Adenia

🔗 Следете нè за повеќе изненадувања!

50ГодиниТрадиција #5МесециПонуди #РесторанЦентар #РесторанАдениа

ОСТАНАТИ ВЕСТИ