Познатиот белградски сплав „Фристајлер“ до половина потона за време на новогодишната ноќ, а глетката што ја затекнавме утрово е „морничава“, пишува ПИНК.
Имено, познатиот сплав за малку ќе потонел целосно.
Да потсетиме, во неделата само десет минути по полноќ настана вистинско стампедо од луѓе кои почнаа да бегаат од сплавот во кој почна да навлегува водата.
За среќа, во инцидентот нема повредени, а наредниот ден предметите биле изнесени пред „Фристајлер“ за луѓето да ги подигнат.
Илија Шкориќ, началник на полициската управа за безбедност на реките во Белград, кој во страшната ноќ беше на теренот, утринава за ТВ Пинк изјави дека со брзата и ефикасна акција на полицијата спречени се повредени луѓе и поголема материјална штета.
-Припадници на Единицата за безбедност на реките интервенирале со два пловни објекти. За среќа, немаше потреба да се извлекуваат луѓе од реката, изјави Шкориќ.
Шкориќ рече дека е рано да се зборува за причините за несреќата, а сите причини се истражуваат.
-Во медиумите се појавија информации дека причината е преголемиот број гости, што се истражува, како и други причини кои можат да предизвикаат ваква несреќа, објасни Шкориќ и рече дека јавноста ќе биде информирана за причината кога ќе биде спроведена истрагата.
ФОТО: ПИНК.РС