Мигрантското прашање во фокусот на надлежните министри од Грција и Бугарија

Ситуацијата во мигрантското прашање и обидите на Грција и Бугарија за справување со мигрантските бранови, според грчката новинска агенција АНА-МПА, биле темите за кои разговарале министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис и вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев на нивната средба во Софија.

Митаракис рекол дека за справувањето со „особено зголемените мигрантски бранови, потребно е да се преземат итни мерки за подобро чување на надворешните граници на ЕУ“.

На средбата станало збор и за вклучувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната, за што Демерџиев изразил оптимизам дека земјата ќе го постигне тоа во втората половина на 2023 година.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ