Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец пред датумот што го објави претходно.
Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите две децении.
Ердоган обраќајќи им се на пратениците од неговата АКП истакна дека Турците ќе гласаат на истиот датум како и на изборите во 1950 година. На изборите на 14 мај 1950 година, Демократската партија ја победи Републиканска народна партија (ЦХП), која владееше со Турција 27 години од нејзиното основање и е најголемата партија во денешниот опозициски сојуз.
Минатата година Ердоган најави дека гласањето ќе се одржи во јуни.
Владејачката АКП сe уште е најсилната турска партија и најверојатно ќе остане значајна сила во Парламентот, но анкетите покажуваат дека Ердоган имал помал рејтинг од некои потенцијални предизвикувачи. (МИА)