Пленковиќ: Следниот февруари инфлацијата во Хрватска ќе биде околу шест проценти

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја оцени како добра вест падот на инфлацијата во државата и изрази уверување дека следната година во ова време ќе зборува за стапка на инфлација од околу шест отсто.

– Веруваме дека цените ќе се стабилизираат и дека следната година во ова време ќе зборуваме за стапка на инфлација од околу шест проценти, изјави Пленковиќ по владината седница.

На прашањето зошто во Хрватска цените растат, а секаде се намалуваат, Пленковиќ истакна дека нема спор меѓу власта и трговците.

– Тезата што ја кажавме пред еден месец, нема причина некој претерано да ги заокружува цените. Видовте во вестите на Инспекторатот дека немаше заокружување, туку неоправдано зголемување на цените, посочи Пленковиќ.

Тој додаде дека неговата Влада во моментот на најголемата криза постигнала два стратешки интереси – членство во еврозоната и во шенген.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ