Земјотрес почувствуван во Струга Охрид и Преспа

 Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата сакал е регистриран денеска во 11.57 часот во реонот на албанскиот град Елбасан, кој во земјава бил почувствуван со послаб интензитет од жителите на Преспа, Охрид и околината.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при скопскиот Природно-математички факултет, епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје на Елбасан со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил на длабочина од два километри под површината на земјата, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан и 10 километри јужно-југоисточно од градот Либражд.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ