Лабуништа – Основното општинско училиште „Мурат Лабуништи“ доби вредна донација од Хуманитарното здружение „Лабуништа Италија“, со која училиштето обезбеди сопствена аудио опрема неопходна за реализација на различни училишни активности и настани.
Аудио опремата е од особено значење за училиштето, имајќи предвид дека во изминатиот период тоа немаше сопствена опрема за озвучување. За организирање на конференциски состаноци, поголеми предавања, дисеминации, приредби, манифестации и други активности, училиштето беше принудено да ја позајмува потребната опрема од Младинскиот центар.
Со оваа донација, училиштето сега располага со сопствена аудио опрема, што значително ќе ја олесни организацијата и реализацијата на идните активности.
Донацијата претставува уште еден пример за поддршка од нашите сограѓани во дијаспората кон развојот и подобрувањето на условите во училиштето.


