ЈКП „Хигиена-Лабуништа“ ги известува жителите и корисниците на селскиот водоводен систем во Лабуништа дека, согласно Решение бр. 26/358 од 17.09.2026 година, издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, се забранува користењето на водата за пиење.
Забраната е изречена поради утврдена неправилност, поради што водата од селскиот водоводен систем не смее да се користи за пиење.
До обезбедување безбедна вода за пиење, од ЈКП „Хигиена-Лабуништа“ информираат дека водата треба да се преврива во времетраење од 30 до 40 минути.
Од претпријатието посочуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш по добивањето на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.
ЈКП „Хигиена-Лабуништа“ ги повикува граѓаните да ги почитуваат препораките до добивање на ново известување.
