Од први март во Виена без задолжителните заштитни маски

Од први март во Виена се укинува обврската за носење маски. Дотогаш тие се задолжителни во јавниот превоз, во аптеките, во болниците и домовите за стари лица.

Од 1 март ќе се укине и задолжителниот ПЦР тест за придружници во болниците и домовите за стари лица, а се отстранува и ограничувањето болните и старите лица да можат да ги посетуваат најмногу три лица дневно.

Според експертите, овој чекор за враќање во нормала е оправдан, но нивниот совет е во одредени ситуации луѓето да носат маска FFP2 со себе. Препораката е болниците да воведат построги правила доколку е потребно, особено кога станува збор за пациенти со висок ризик. Препораката за носење маски во овие случаи е логична превентивна мерка.

Луѓето од ризичните групи, а особено оние кои се постари од 60 години и имаат хронично заболување, треба да продолжат да преземаат мерки на претпазливост кога се со други луѓе, препорачуваат виролозите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ